Top Sport

Ериксен се враќа во Премиер лигата

Кристијан Ериксен, кариерата би можел да ја продолжи во Брентфорд. „Атлетик“, објави дека Ериксен добил понуда за договор до крајот на сезоната, со можност тој да биде продолжен и за наредната сезона.

Ериксен, нема играно фудбал од првиот мел на Европското првенство, кога во текот на натпреварот со Финска доживеа срцев удар. Интер, пред три недели, го раскинаа договорот со Ериксен, бидејќи според законите во Италија, тој не може да игра со дефибрилатор.

За разлика од Италија, Англија не им забранува на спортистите да играат со овој апарат кој ја следи работата на срцето.

Scroll to Top