Кристијан Ериксен имаше кам-бек од сништата во дресот на националниот тим. Ериксен, прв пат по Европското првенство, односно по 282 дена, настапи за Данска.
Данска, на „Јохан Кројф арена“, одигра пријателски натпревар со Холандија.
Фудбалерот на Брентфорд, доби шанса од својот селектор на почетокот на второто полувреме. Му беа потребни само две минути да постигне гол.
Во моментот, кога топката по ударот на Ериксен заврши во голот на Флекен, сите на стадионот започнаа да го слават голот.
Наппреварот заврши со победа на Холандија 4:2. „лалињата“ имаа предност од 3:1 по првиот дел со головите на Бергвајн, Аке и Депај. За Данска во привот дел погоди Вестергард. По голот на Ериксен, конечниниот резултат, со вториот гол на мечот, го постави Бергвајн.