Кристијан Ериксен во интервју за Би-би-си меѓу другото зборувал и за годините што ги минал во Тотенхем. Данецот пред десет дена за сума од 20 милиони евра стана играч на Интер.
Во неколку преодни рокови Ериксен го поврзуваа со големи европски клубови, меѓутоа замава му успеа да замине од Тотенхем. Данецот не сакаше да го продолжи договорот, а бидејќи врзан за Тотенхем беше до крајот на сезоната клубот реши да го продаде.
„Ми олесни. Последните две години во Англија беше многу тешки. Се зборуваше само за тоа кога и каде ќе заминам. Луѓето што ме среќаваа на улица ми велеа: „Среќни и фала ти“, а јас и понатаму бев играч на Тотенхем. Ситуацијата беше многу чудна и драго ми е што конечно заминав. Можам да започнам ново поглавје“, рекол Ериксен и продолжил.
„Бев виновник за многу работи, многу често и за оние со кои немав врска. Бев црна овца во тимот. Читав дека јас сум виновен за атмосферата во соблекувалната. Во едно интервју кажав дека повеќе не се чувствува добро и дека сакам да заминам од Тотенхем и потоа добив уште повеќе критики“.
Ериксен веќе го имаше дебито за Интер, а в недела го очекува градското дерби со Милан.