Австралискиот тенисер Ник Кирјос вели дека е задоволен од тоа како го поминал летото и дека во изминатите неколку месеци објективно ги согледал работите кои се однесувале на неговата кариера.
Контроверзниот тенисер истакнал дека е задоволен од тоа како ја започнал новата сезона. Кирјос со репрезентацијата на Австралија стигна до полу-финалето на АТП купот, а на Австралија опен испадна во осмина-финалето од Рафаел Надал.
„Играта никогаш не ми била проблем, мислам дека требаше да средам некои работи вон теренот. Во последните неколку месеци успеав објективно да го согледам работите. Беше тоа големо искуство, сето тоа што се случуваше, сакам да продолжам по тој пат. Имам неколку турнири наредниот месец, ќе се обидам секој дена да бидам подобар и подобар“, рекол Кирјос.
24 годишникот се надева дека ќе стане подобар играч.
„Мислам дека ќе играм подобар тенис доколку бидам подобар човек. Мислам дека тоа го покажа австралиското лето“, заклучил Кирјос.
Ник Кирјос во моментов се наоѓа на 20 место на АТП листата.