Top Sport

Ериксон: Ферги ми се закануваше дека ќе ме убие

Поранешниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон, открил дека во 2006 година имал многу непријатна случка со Алекс Фергусон. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед му забележал на Швеѓанецот што го прерано го вратил Вејн Руни, кој се рехабилитирал од фрактура на метатарзалната коска.

Во 2006 година, во пролетниот дел од сезоната Руни се повредил на натпреварот против Челси, но Ериксон имал намера по секоја цена тој да патува со репрезентацијата на Светското првенство во Германија.

Плашејќи се дека Руни може да ја обнови повредата решил да му се јави на тогашниот англиски селектор.

„Интересно е што повикот беше во седум часот наутро или уште порано. Секогаш беше така кога тој е лут и никогаш го немаше она: ‘здраво Свен како си?’. Веднаш почуваше да вика. Мислав дека ќе ме убие. Ми рече: ‘Ќе те убијам, готов си’. Сепак јас бев селектор на Англија и морав да му одговорам“, рекол Ериксон, а во интервјуто за „Тајмс“ открива што му одговорил на шкотскиот тренер.

„Она што е во ред е во ред, но не е во ред кога ти ќе кажеш:’ не смееш да го избере Руни бидејќи ќе те убијам’. Му реков: ‘што не е во ред со тебе дај оди и е.. се, што имам јас со тебе’. Тој продолжи да се вика од другата страна. Поради тоа му кажав да оди на одмор бидејќи јас ќе го изберам Руни“, открил Ериксон.

Епилогот од СП во Германија е дека Руни одигра лош турнир, дури и доби црвен картон на натпреварот со Португалија, а Свен Горан Ериксон доби отказ.

Scroll to Top