Top Sport

Автоматски продолжен договорот на Манчини

Роберто Манчини ќе биде селектор на Италија до 2022 година објавија италијанските медиуми. Наводно, договорот што Манчини го потпишал минатата година бил автоматски продолжен бидејќи Италијанците обезбедија место на ЕУРО 2020. Инаку, Манчини имал опција и да замине во завршувањето на квалификацискиот циклус, но не ја активирал таа клаузула.

Автоматското продолжување на договорот значи дека Манчини ќе ја води Италија и низ квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Италија на три кола до крајот на квалификациите обезбедија пласман на ЕУРО 2020 со максимален број на бодови.

Манчини стана селектор на Италија на 15 мај минатата година.

Scroll to Top