Познатиот шведски тренер Свен Горан Ериксон, реши да се врати на работата во струката, откако минатата година доби отказ во кинескиот прволигаш Шеншен.
Ериксон кој во кариерата бил тренер и на Рома, Фиорентина, Лацио, Манчестер сити, го прифатил најчудниот ангажман во кариерата.
Шведските медиуми објавија дека 70-годишниот тренер ќе ги предводи Филипините.
Ова ќе биде четврти селекторски ангажман на Ерикосн, откако во минатото ги предводел националните тимови на Англија, Мексико и Брегот на Слоновата коска.