Трофејниот шведски тренер Свен Јеран Ериксон се потсетил на големиот триумф со Лацио. Вчера се навршија 20 години од титулата која ја освоија лацијалите во Серија А.
„И ден денес навивам на Лацио. Тоа е најсилниот тим што сум го предводел во кариерата. Можеби во тој период беше најсилниот тим во светот. Толку трофеи освоивме во тие три и пол години. Тоа секако беше моето најубаво професионално искуство. Кога ќе размислам подобро беше да останам во Лацио. Но понуда од Англија се добива само еднаш во животот. Можеби беше грешка што ја прифатив“, рекол Ериксон.
Покра титулата во Серија А Ериксон со Лацио освои два Купа и еден Суперкуп на Италија, еден Суперкуп на УЕФА и еден Куп на победниците на купови. Со Англија два пати играше четврт-финале на големите натпреварувања (ЕП во 2004 и СП во 2006) и два пати испадна на пенали од Португалија.