Top Sport

Ерлинг Халанд како „тенк“ преку Дијаш!

Халанд заигра на „Етихад“, овојпат за противничкиот тим, и иако неговите Борусија Дортмунд загубија со 2:1 од Манчестер сити, а тој не постигна гол, навивачите на Сити сепак беа воодушевени од Норвежанецот, посебно од неговиот дуел со Рубен Дијаш.

На стартот на второто полувреме, двајцата имаа фасцинантна битка за топка. Махмуд Дау даде долга топка меѓу Халанд и Дијаш, и португалскиот дефанзивец имаше предност пред Норвежанецот, но Халанд успеа да ја надополни, и потоа ја покажа својата сила, грабајќи му ја топката. Едерсон, за среќа на Сити беше подготвен за одбрана.

Уште една причина летово Сити (или некој друг богат клуб) да даде многу пари за него.

Scroll to Top