Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, одбил неверојатна понуда од Манчестер Сити за да се пресели во англискиот првак по завршувањето на оваа сезона. „Граѓаните“ биле подготвени да му дадат годишна плата од 30 милиони евра за да пристигне на „Етихад“
Сепак, Халанд објаснил дека нема да се води од парите, туку од спортскиот проект што ќе му го понуди неговиот иден клуб.
Наводно, напаѓачот ја одбил понудата на Манчестер Сити бидејќи сака да игра во Шпанија. Тој е меѓу приоритетите за летната селекција на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.