Top Sport

Ермедин Адем го засили Работнички

Работнички во финишот на летниот преоден рок доведе уште едно ново засилување. На „романтичарите“ им се приклучи искусниот играч за врска Ермедин Адем. Тој доаѓа како слободен агент откако го раскина договорот со Воска Спорт.

Ермедин Адем (33) има огромно искуство на прволигашката сцена во Македонија. Тој во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Ренова, Шкупи, Тетекс, Милано…

Адем ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички во тековната сезона од Првата фудбалска лига.

 

Scroll to Top