Во првиот меч од третото коло на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 во нашата група Ј, Ерменија и Романија во Ереван одиграа 2:2, во интересен меч со многу пресврти.
Романците важеа за фаворити во овој меч, но домаќините први дојдоа во водство во 56. минута преку Едуард Сперцјан. По ова следуваше фантастичниот камбек на гостите, откако Александру Чикалдау постигна два гола за 10 минути во 62. и 72. минута.
Мечот доживеа нов пресврт кога Георге Пушкаш во 78. минута доби црвен картон, по што на сцена стапи поранешниот Вардарец, Тигран Барсегјан. Тој прво во 87. минута му асистираше на Вараздат Харојан за ирамнување, за во 89. минута од пенал да го комплетира пресвртот и да ги однесе Ерменците на првото место во групата.
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ј
Ерменија – Романија 3:2
Германија – Македонија 20.45 ч.
Лихтенштајн – Исланд 20.45 ч.
Табела: 1.Ерменија 9, 2.Германија 6, 3.Романија 3, 4.Македонија 3, 5.Исланд 0, 6.Лихтенштајн 0