Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров неславно, со два порази, го завршија својот настап во квалификациите за пласман во главната фаза во Лига Европа. Македонија ЃП дво-мечот со претставникот на Ерменија Алашкерт го загуби со 1-6.
Минатата недела македонскиот претставник во Ерменија забележа пораз од 3-1, а попладнево на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг центарот на ФФМ, Алашкерт победија со 3-0.
Ерменците пласманот во наредната рунда го најавија во 21 минута со голот на Ненандовиќ, а ја потврдија во вториот дел кога во 68 и 74 минута голови постигнаа Галвао и Восканјан.
фото/ facebook.com/FCAlashkert