Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија Абрахам Кашманјан поднел оставка на функцијата по катастрофалниот пораз од Италија (9:1), во последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020.
Кашманјан ja предводеше Ерменија на само два натпревари. На дебито загуби од Грција во Ереван (0:1), а синоќа го забележа најтешкиот пораз во историјата на Ерменија.
„Мечот против Италија ја рефлектираше сликата за ерменскиот фудбал. Одговорноста и вината е кај мене. Давам оставка. Нека решат надлежните во Сојузот дали ќе останам на функцијата“, рекол Кашманјан.
Ерменците во текот на овие квалификации сменија тројца селектори.