Top Sport

Лев: Пет репрезентации се пред нас

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија Јоаким Лев не смета дека неговите избраници ќе бидат фаворити за освојување на титулата на ЕУРО 2020.

Германија, на коло до крајот на натпреварите во Ц-групата, го обезбеди првото место пред Холандија. Овие две селекции ќе играат на ЕП.

„Англија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Холандија во моментов се пред нас. Тие веќе минаа низ сите промени, за разлика од нас. Поради тоа не мислам дека сме фаворити. Сепак би сакал да им се заблагодарам на младите фудбалери за она што го направија за Германија во овој циклус. Тимот е решителен и амбициозен, атмосферата е многу позитивна“, рекол Лев.

Германија вечерва квалификациите ќе ги затвори со натпреварот против Северна Ирска.

Scroll to Top