Top Sport

Ернан Креспо ја освои првата голема титула како тренер

Поранешната ѕвезда на Парма, Чеси и Интер, Ернан Креспо ја освои својата прва титула како тренер во саботата, откако го предводеше аргентинскиот клуб Дефенса и Јустиција до трофеј на Копа Судамерикана по 3:0 победата над Ланус во Кордоба.

Адонис Аријас, Брајан Ромеро и Вашингтон Камачо постигнаа голови за тимот на Креспо, за прв трофеј во кариерата на поранешниот напаѓач, но и прва титула во 85-годишната историја на Дефенса и Јустиција.

Креспо го презеде клубот од Флоренсио Варела, предградието на Буенос Аирес на почетокот на 2020, откако претходно беше тренер на Банфилд. Во првата сезона тој успеа да им донесе пласман во Копа Либертадорес, но сезоната беше прекината поради КОВИД-19. Кога сезоната продолжи, тој не успеа да ги однесе во нокаут фазата, но со третото место во групата обезбеди пласман во Судамерикана.

Тука, тие ги елиминираа бразилските клубови Васко да Гама и Бахија, како и парагвајскиот Спортиво Лукуењо, за во полуфиналето да ги совладаат Кокимбо.

Сега за Креспо покажаа интерес три од „грандес“ (традиционално големи аргентински клубови), Расинг, Сан Лоренцо и Индепендиенте, а шпекулациите исто така го поврзуваат и со враќање во својот поранешен клуб  Челси, каде што местото на Френк Лампард е несигурно.

Scroll to Top