Top Sport

Куман: Ако Барса сака повеќе, тогаш мора да има засилувања

Роналд Куман прати јасна порака до првите луѓе на Барселона дека му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок ако има желба резултатите на клубот да бидат подобри.

Барса заостанува многу зад Атлетико Мадрид во Ла лига по слабиот старт на сезоната, а трите победи над Уеска, Атлетик Билбао и Гранада не можат да го сокријат фактот дека се потребни нови лица на „Ноу Камп“ ако сака да се направи нешто повеќе. Сепак, холандскиот тренер сфаќа дека економската ситуација на клубот не е совршена (со огромни долгови и намалени приходи поради КОВИД-19).

„Мојата позиција е позната – ни недостасуваат фудбалери, но економската ситуација на клубот влијае на тоа. Сите размислуваме исто. Ако никој не дојде, ќе го прифатиме тоа и ќе продолжиме, но ако сакаме повеќе мора да има засилувања. Нема да лажам, туку ќе го кажувам тоа што го гледам. Ги критикувам сите со почит. Ако не можеме да ги победиме Корнелја по 90 минути, ќе го кажам тоа. Ако не им се допаѓа, нека донесат нов тренер“, вели Куман.

Scroll to Top