Top Sport

Ернандез самоуверено: Милан ќе го победи Интер!

Новото засилување на Милан, Тео Ернандез е човек кому не му недостасува отпимизам и самоувереност. Тоа го покажа прво со изјавата дека пристигнал во Милан за да освојува европски титули (а оваа сезона „росонерите“ не играат во Европа), а сега имаше што да каже за дербито на Милано.

Ернандез уште се опоравува од повредата на скочниот зглоб, но би требало да биде подготвен за „Дерби дела мадонина“ против Интер на 21 септември и тој вели дека е сигурен дека Милан ќе го добие мечот.

„Навистина сакам да играм против Интер. Тоа е првото дерби на Милано за мене и сигурен сум дека ќе победиме и без мене на теренот. Имаме млад тим со добри фудбалери и ако го дадеме максимумот тогаш и навивачите ќе бидат задоволни“, вели 21-годишниот Ернандез.

Ернандез: Дојдов во Милан да ја освојам ЛШ!

Scroll to Top