Тео Ернандез вели дека се согласил на трансфер во Милан за да ја освои Лигата на шампионите, и покрај тоа што клубот одамна не играл во елитата, а во новата сезона ќе биде исфрлен од Лига Европа.

Левиот бек го комплетираше трансферот од Реал Мадрид за 20 милиони евра, откако бил убеден од директорот Паоло Малдини дека „росонерите“ градат тим за иднина.

„Пресреќен сум што доаѓам во Милан и се надевам дека ќе испишам историја со клубот. Ќе го дадам мојот максимум. Милан се огромен клуб и затоа дојдов тука, да стигнам до самиот врв и да ја освојам Лигата на шампионите со ’росонерите’. Пресреќен сум. Форца Милан!“, изјави Французинот.