Фудбалерите и фризерите очигледно не можат едни без други. Само неколку дена откако фудбалерите на РБ Лајпциг беа критикувани за тоа што донесоа фризер од Лондон да ги потстрижи пред поразот во Бундеслигата, сега на „тапет“ е новиот фудбалер на Интер, Ешли Јанг.
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, го донел Даниел Џонсон, својот омилен бербер од Манчестер во Милано, за на крајот да добие сосема едноставна фризура – избричена глава!
На Јанг ова не му пречеше, откако објави фотографија со Јанг со порака: „Било каде на светот“.