Top Sport

Ешли Јанг се враќа во Астон вила

Ешли Јанг ќе оди на медицински тестови со Астон вила, враќајќи се во клубот од Бирмингем по десетгодишна пауза.

35-годишниот ветеран си замина од Астон вила во 2011 година, кога потпиша за Манчестер јунајтед, пред во јануари 2020 да пристигне во Интер за 1.7 милиони евра, освојувајќи го скудетото со „нераѕурите“. Тој имаше 5 гола и 9 асистенции во 59 настапи за Интер во година и пол на „Сан Сиро“.

Во Астон вила, тој ќе се врати без отштета, бидејќи договорот му завршува на 30 јуни.

Scroll to Top