Top Sport

Де Брујне и сè е полесно – Белгија во осминафиналето на ЕУРО

Белгија се пласираше во осминафиналето на Европското првенство, откако Кевин де Брујне влезе во второто полувреме и го направи пресвртот за 2:1 победа над Данска во Копенхаген, нанесувајќи им го вториот пораз на Данците, за да им остават само теоретски шанси за нокаут фазата.

Работите не почнаа најдобро за тимот на Роберто Мартинез – Јусуф Поулсен уште во втората минута ги донесе Данците во водство. По ова во 10. минута, двата тима ја прекинаа играта во знак на симболична поддршка на Кристијан Ериксен, кој се опоравува во болницата по шокантниот срцев удар на првиот меч на Данска со Финска.

Белгијците имаа повеќе од играта во првото полувреме, но беше потребно Де Брујне да влезе во игра на полувреме (не беше стартер бидејќи уште се опоравува од скршеницата на очната шуплина), и веднаш се забележа неговото влијание на играта. Во 55. минута, тој му асистираше на Торген Азар за израмнување, а во 70. минута постигна прекрасен гол од далечина за 1:2. Данците не се откажаа од нападите, а преку Брејтвајт во 85. минута ја погодија пречката, но не успеаја да стигнат до израмнување.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top