Top Sport

Ешли Кол ќе добива 15.000 фунти неделно во Дерби на 38 години

Ешли Кол се согласил за шестмесечен договор со второлигашот Дерби каунти со неделна плата од 15.000 фунти за да се приклучи на својот стар пријател, менаџерот Френк Лампард во обидот да се влезе во Премиер лигата.

Кам-бекот на 38-годишниот Кол во англискиот фудбал доаѓа откако Лампард успеал да го убеди сопственикот на клубот да ги „опушти“ правилата за плата на фудбалерите за да го донесе својот поранешен соиграч од Челси.

Левиот бек, кој играше во Арсенал и Челси во Премиер лигата и во Рома во Серија А, од 2016 до минатиот октомври беше фудбалер на Лос Анџелес галакси во МЛС лигата и сега како слободен агент доаѓа со шестмесечен договор.

Scroll to Top