Top Sport

Нов луд премиерлигашки меч – Вулверхемптон со 4:3 го победи  Лестер! (видео)

Премиер лигата уште еднаш се покажа како совршено место за фудбалска акција, откако дуелот на две екипи од средината на табелата донесе пресврти, возбуда и на крајот шест гола.

Лестер двапати се враќаше од 2:0 и 3:2 за да стигне до израмнување на гостувањето на „Молињу“ во Вулверхемптон, за на крај „волците“ да дојдат до неверојатна 4:3 победа во меч кој долго ќе го паметат навивачите на двата клуба.

Херој на Вулверхемптон секако ќе е Португалецот Диого Жота, кој постигна хет-трик на мечот, вклучувајќи го и победничкиот гол во 93-тата минута, откако Лестер израмнија на 3:3 во 87. минута преку Вес Морган.

„Волците“ со победата се искачија на осмото место на табелата со 32 поени, додека Лестер на деветтото место со 31 поен.

Scroll to Top