Top Sport

Еспањол се засили со репрезентативец на Мексико

Мексиканскиот фудбалер Цезар Монтес е нов играч на шпанскиот фудбалски клуб Еспањол. Тој потпиша договор со каталонскиот клуб до јуни 2028 година.

„Еспањол и Монтереј го заклучија трансферот на мексиканскиот дефанзивец Цезар Монтес“, соопшти синоќа клубот од Барселона.
Монтес (25) дебитираше за Монтереј во 2015 година и со тој клуб освои една шампионска титула во Мексико, два Купа на Мексико и две титули во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ.

Првиот настап за мексиканската репрезентација го имаше во 2017 година, а учествуваше и на неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Мексико беше елиминиран во групната фаза.

Минатата година со репрезентацијата освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио.

Scroll to Top