Еспањол го отпуштија својот тренер Давид Галјего по само осум меча во новата сезона во Ла лига и го заменија со поранешниот прв човек на Севилја и Џирона, Пабло Мачин.
По лошиот старт на сезоната, во кој имаат една победа, 2 ремија и 5 порази, Еспањол е на претпоследното место на табелата со само 5 поени, а последната капка очигледно беше поразот од 2:0 од Мајорка во неделата.
Галјего, пак, ги предводеше Еспањол во три квалификациски кола во Лига Европа, и има четири освоено поени по два меча во групната фаза.
Мачин успеа да ги донесе Џирона во првата лига првпат во историјата во 2017 и заврши на 10. место во Ла лига следната сезона. Тој потоа замина во Севилја, каде што имаше одличен старт и тимот беше во борба за титулата, но потоа формата падна и во март тој беше отпуштен.