Top Sport

Еспањол има нов тренер, дебито на градското дерби со Барселона

Новиот тренер на фудбалскиот клуб Еспањол, Абелардо Фернандес денеска исјави дека е „малку мазохист“. Тој беше претставен како нов тренер на екипата, а ќе дебитира во сабота на можеби најтешкиот меч во првенството – против градскиот ривал Барселона.

Тоа ќе биде дуел на прво со последнопласираната екипа сезонава во Ла Лига. Барса собра до сега 39 бода, 2 повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, а Еспањол е „фенерџија“ со само 10 освоени бода, 5 помалку од местото што носи спас во лигата.

„Не е лесно да се преземе екипа како што е Еспањол. Јас сум 100% посветен на работата за да ја свртам ситуацијата. Можеби сум „маку мазохиста“, не знам, ама сакам предизвици“ – рече 49-годишниот Абелардо.

Еспањол кој минатата сезона имаше резултати за паметење, сезонава се уште нема триумф на својот стадион.

Scroll to Top