Top Sport

Борис Бекер гостин на Ѓоковиќ на тренингот во Бризбејн (фото)

Неочекуван гостин имаше српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ на тренингот во Бризбејн, На теренот се појави неговиот поранешен тренер, легендарниот тениски ас, Германецот Борис Бекер.

Засега нема најава од таборот на Ѓоковиќ дека е можно Бекер да се врати како тренер на Србинот, но ништо не е исклучено. Можеби средбата е само на пријателска основа.

Ѓоковиќ својата доминација во тенискиот свет ја имаше токму во периодот додека Бекер го тренираше.
Моментно на тренерската позиција во тимот на Ѓоковиќ се Марјан Вајда и Горан Иванишевиќ.

Scroll to Top