Раул Де Томас по шест месеци ја напушти Португалија и повторно се врати во шпанската Ла Лига. Поранешниот играч на Рајо Валјекано постигнал договор со Еспањол.
Де Томас, во летниот преоден рок, ја засили Бенфика меѓутоа не успеа да се наметне поради што побарал трансфер. Португалската телевизија „Спорт“ објави дека Бенфика фудбалерот за кого платија 20 милиони евра, ќе им го продаде на Еспањол за 22 милиони евра.
25 годишниот напаѓач од почетокот на сезоната нема постигнато ниту еден гол за Бенфика. Минатата сезона тој беше еден од надобрите напаѓачи во Шпанија, за Рајо Валјекано постигна 14 гола.
Интерес за Де Томас имало и кај Севилја, меѓутоа тој решил да ја прифати понудата на Еспањол.
На Еспањол им претстои тешка борба за опстанок во Ла Лига. По 19 рунди овој тим со само 11 поени се наоѓа на последното место на табелата.