Top Sport

Еспањол со пресврт на „Месталја“ во последниот меч во 2021

Додека англиските фудбалски екипи утре ќе ни ја развеселат Новата Година, шпанската Ла лига реши последниот меч во 2021 да го закаже на 31 јануари на „Месталја“, каде што се сретнаа Валенсија и Еспањол и во драматичен финиш гостите си заминаа со неочекувана 1:2 победа.

„Лилјаците“ дојдоа во водство во 51. минута преку Парагваецот Омар Алварете, но не успеаја да го заддржат водството, откако во 83. минута беше досуден пенал, Хуго Дуро доби црвен картон, а Раул де Томас сигурно го реализираше пеналот. Хави Пуадо во 89. минута го комплетираше пресвртот и ги обезбеди трите поени за гостите од Барселона.

Валенсија сега е на осмото место на табелата со 28 поени, додека Еспањол се доближи на 9. место со 26 освоени поени во повратничката прволигашка сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top