Жерард Морено стрелаше во 93. минута за Еспањол да го изненади Реал Мадрид со 1:0 во меч од 26. коло од Ла лига, уште повеќе оддалечувајќи го „кралскиот клуб“ од првопласираната Барселона.
Без Кристијано Роналдо во тимот (кој одмара за реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ), шанса во нападот доби Герет Бејл, но тој не успеа да го скрши отпорот на домаќините и беше заменет во 87. минута од Себалјос.
Кога се веруваше дека мечот ќе заврши без победник, Морено упати удар од работ на шестнаесетникот, кој беше пренасочен од дефанзивците на Реал и заврши во голот.
Со петтиот пораз во шампионатот, Реал останува на третото место во Ла лига со 51 поен, 14 помалку од Барселона на првото место, додека Еспањол се на 13. место со нивната прва победа по седум меча.