Top Sport

Еспањол се вклучи во трката за потписот на Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со извонредната сезона во Абердин го привлече вниманието на клубовите од најсилните европски национални првенства.

Интерес за Миовски покажаа италијанските клубови Болоња и Џенова. Во меѓувреме Болоња се повлече од трката бидејќи го потпиша напаѓачот на Тулуз Тајс Далинга, интересот на Џенова се уште постои, а сега во трката по потписот на Македонецот се вклучи и Еспањол.

Еспањол по една сезона во Сегунда се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.

Абердин за услугите на миовски бара 8.000.000 евра.

Scroll to Top