Најпознатата спортска мрежа во светот, ЕСПН, во анализата на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство го најави „најдраматичниот бараж во историјата“. Дел од баражот за пласман на Мундијалот ќе биде и Македонија.
Во баражот ќе учествуваат 12 репрезентации, кои ќе бидат поделени во три групи. Се игра по системот полу-финале и финале, а само победниците ќе изборат пласман на Светското првенство.
Преку баражот пласман во Катар ќе се обидат да изборат последните два европски шампиони, Португалија и Италија.
Јасно е дека некои репрезентации и некои големи ѕвезди на светскиот фудбал, нема да го „видат“ Катар.
„Форматот на баражот, од самиот почеток ќе донесе невидена драма и напнатост. За неутралните тоа ќе биде спектакл, за навивачите чии репрезентации ќе играат во баражот тоа ќе биде прчина за дополнителни стресови. Имаме три „фајнал фоур“ турнири со полу-финале и финале. Значи се е можно, сите опции се отворени. Замислите Кристијано Роналдо да дојде во Скопје и да се бори за пласман на Светското првенство против Македонија“, наведува ЕСПН во својата анализа.
Ждрепката за баражот ќе се одржи на 26.ноември. Носители се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс. Македонија е во групата на не носители заедно со Турција, Полска , Украина, Чешка и Австрија.
Полу-финалињата ќе се играат на 24 и 25 март наредната година, а финалињата на 28 и 29 март.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември 2022 година.