Top Sport

ЕСПН: Интер и Пари Сен-Жермен го „следат“ Барди!

Интер и Пари Сен-Жермен се заинтересирани за ангажирање на македонскиот репрезентативец Енис Барди од Леванте, тврди „ЕСПН“.

Барди блесна во финишот на сезоната во Ла лига, и има 9 гола и една асистенција во 25 натпревари за тимот од Валенсија, а бидејќи има само 22 години (полни 23 во јули), тешко е да се верува дека Леванте ќе се откаже лесно од него. Тој има договор до јуни 2020 година, откако дојде од Ујпешт во Унгарија за само 1.5 милиони евра.

Барди беше на насловните страници во Шпанија и во Европа по 5:4 победата на Леванте над Барселона откако постигна два гола.

Фото: ЕПА

Барди и Леванте го срушија митот за непобедливата Барса во епски меч (видео)

Барди доби шанса и постигна два гола за две минути! (видео)

Scroll to Top