Ливерпул бил подготвени да го урнат клупскиот рекорд за да го донесат на „Енфилд“ играчот на ПСЖ, Нејмар, тврди „ЕСПН“. Според истиот извор покрај Ливерпул интерес за Бразилецот покажувале Барселона и Реал Мадрид.
Нејмар минатото лето беше поврзуван со својот поранешен клуб Барселона, меѓутоа трансферот не се реализира и тој остана во Париз. Сепак јасно е дека Бразилецот сака да замине од ПСЖ. Ливерпул за него би била интересна дестинација бидејќи во еден таков тим и во силна лига би можел да се бори за „Златната топка“, награда која толку многу ја посакува.
Од друга страна во Ливерпул биле сигурни дека со Нејмар би биле фаворити во сите натпреварувања.
„ЕСПН“ пишува дека трансферот на Нејмар би изнесувал околу 200 милиони евра, што би бил не само клупски рекорд, туку би бил апсолутен рекорд во англискиот фудбал.