Top Sport

ЕСПН: Мбапе е главна цел на Манчестер јунајтед следното лето

Манчестер јунајтед за следното лето имаат една главна цел – да го убедат францускиот ас Килијан Мбапе по крајот на договорот со Пари Сен-Жермен да пристигне на „Олд Трафорд“, тврди „ЕСПН“.

По пристигнувањето на Џејдон Санчо и Рафаел Варан, Оле Гунар Солскјер сака да додаде уште еден играч до 31 август, во средниот ред или на позицијата на десен бек, но веќе се планира „шопинг-листата“ за 2022 и прва опција е Мбапе, за кого постои огромен интерес и кај Реал Мадрид, а во Париз ќе се убедуваат да го продолжи договорот.

Бидејќи се очекува Единсон Кавани да замине на крајот на сезоната, Мбапе е совршена замена, но во игра се и Ерлинг Халанд и Лаутаро Мартинез. Јунајтед се запознаени со долгорочната желба на Реал за Мбапе и подготвени се за „наддавање“ со „кралевите“.

Scroll to Top