Top Sport

ЕСПН: Солскјер ќе добие постојан договор

Оле Гунар Солскјер од привремено станал единственото решение за менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, пишува ЕСПН, повикувајќи се на свои извори. Јунајтед, во средата против Кристал Палас во Лондон, ја забележаа 12 победа под палката на Норвежанецот. Во досегашниот мандат тој има претрпено само еден пораз, од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Солскјер, на „Олд Трафорд“ го замени Жозе Мурињо. Тој пристигна како привремено решение со цел да да ги смири работите во соблекувалната. Норвежанецот успеа и повеќе од тоа, не само што ја врати добрата атмосфера, туку и тимот игра над сите прогнози.

„И покрај иницијативата на клупските челници да најдат докажан и искусен тренер, нашите извори тврдат дека Солскјер во моментов е пред Маурисио Покетино и Масимилијано Алегри, тренери кои се во клупските планови но со кои се уште никој од Јунајтед не воспоставил контакт. Секако дека причината е неверојатната трансформација на тимот од моментот кога пристигна Солскјер“, тврди новинарот на ЕСПН.

Scroll to Top