ЕСПН ја објави листата на најдобрите 100 трансфери во историјата на Премиер лигата. Изборот на овој угледен медиуми предизвика бројни коментари и несогласувања. Првото место ЕСПН му го додели на Тиери Анри.
Тиери Анри во 1999 година од Јувентус за сума од 14,5 милиони фунти пристигна во Арсенал.
ЕСПН смета дека ниту еден трансфер во 30-годишната историја на Премиер лигата, не може да се спореди со овој.
„Арсен Венгер од крило го претвори Анри во најразорниот напаѓач во историјата на премиер лигата. Анри не беше ефикасен како Алалн Ширер или Кун Агуеро, но беше комплетен играч. Анри е единствениот играч кој во една сезона забележал 20/20, во сезоната 2002/2003 постигнал 24 гола и забележал 20 асистенции“, стои во образложението на ЕСПН.
На второто место е трансферот на Френк Лампард од Вест Хем во Челси. Во 2001 година „сините“ за Лампард платија 14,4 милиони фунти.
На третото место е уште еден трансфер на Арсен Венгер и Арсенал. Во 1996 година во Арсенал за сума од 4,6 милиони фунти од Милан пристигна Патрик Виера.
Во Топ 5 се и трансферите на Кун Агуеро во 2011 година од Атлетико Мадрид во Манчестер сити и Еден Азар од Лил во Челси во 2012 година.
Единствен фудбалер чии два трансфери се наоѓаат во Топ 50 е Алан Ширер. Трансферот на најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата во 1992 година од Саутемптон во Белкнурн е на 14 место, а на 26 место е неговиот трансфер во 1996 година од Белкбурн во Њукалс.
Интересно трансферот на најдобриот играч во Премиер лигата во минатата сезона Кевин Де Брујне од Волфсбург во Манчестер сити е на 31 место.
Ниско се пласирани и Садио Мане, Лука Модриќ и Фернандо Торес.
Трансферот на мане од Саутемптон во Ливерпул е на 44 место, на 46 место е трансферот на Модриќ од Динамо Загреб во Тотенхем, а на 51 позиција е трансферот на Фернандо Торес од Атлетико Мадрид во Ливерпул.