Top Sport

Етеми стрелец во победата на Истанбулспор

Македонскиот фудбалски репрезентативец Валон Етеми беше стрелец за Истанбулспор во победата од 2:1 против Кашимпаша во првенството на Турција.

Етеми израмни на 1:1 во 29.минута, откако гостите поведоа четири минути претходно преку Петрета.

Победничкиот гол го постигна Емир Гултекин во 78.минута од мечот.

Голот на Етеми можете да го погледнете на следниот линк

Scroll to Top