Top Sport

Ето: Дрогба и Диуф се смешни, јас сум најдобриот Африканец во историјата

Самуел Ето повтори дека е сигурен дека тој е најдобриот африкански фудбалер во историјата, потсмевајќи се со сличните тврдења на Ел-Хаџи Диуф и Дидие Дрогба.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Диуф неодамна тврдеше дека е најдобар фудбалер во историјата на контектот, а слични тврдења неодамна имаше и од поранешната ѕвезда на Челси и Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба. Камерунецот Ето вели дека неговите успеси и неговата желба за успех биле ненадминати.

„Дури иако мојот брат Диуф последниот пат со некоја екстра чаша пијачка, малку се загуби, тука нема дебата. Никој од нив не може да дојде и да каже дека биле на мое ниво или подобри од мене. Тоа не е факт само бидејќи јас го кажувам, туку бидејќи едноставно е така. Сакав да бидам број 1 и бев број 1 во мојата кариера“, вели Ето.

Ако се смета за успесите во кариерата, тогаш малку фудбалери на целиот свет можат да се пофалат со поголеми успеси. Тој четири пати беше прогласуван за најдобар африкански фудбалер, заедно со Јаја Туре, додека Дрогба и Диуф имаат по две награди.

Во својата кариера, Ето играше за Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Челси и Евертон, освојувајќи четири титули од ЛШ, три од Ла лига, два од Копа дел Реј, трофеј од Серија А и Копа Италија. Покрај тоа, тој има и 118 настапи за камерунската репрезентација, 56 гола и настап на четири Светски првенства, како и олимписко злато од 2000 и две титули од Африканскиот куп на нации.

Диуф, кој во кариерата играше за Сошо, Рен, Ленс, Ливерпул, Болтон, Блекбурн, Сандерленд, Глазгов Ренџерс и Лидс јунајтед има само еден Англиски Лига куп, како и титула од Шкотската Премиер лига.

Scroll to Top