Самуел Ето секогаш зборува директно „без влакна на јазикот“. Тој ги споредил човечките и тренерските квалитети на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.
Камерунецот под водство на Гвардиола ја освои титулата во Лигата на шампионите, а потоа направи изненадувачки трансфер во Интер и под палката на Мурињо ја свои тројната круна.
Ето не крие дека се уште им е лут на челниците на Барселона и на Гвардиола што решиле да го продадат во Интер. Ето во 2009 година беше дел од трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Барселона.
Тој не крие дека Мурињо е подобар човек од Гвардиола, но не крие дека Шпанецот е одличен тренер и дека од него научил многу работи.
„Го сакам како тренер, не го сакам како личност. Од него научив многу во фудбалот. Некои работи правше многу подобро од останатите. Тој е најдобриот, но и најдобрите некогаш губат натпревари“, рекол Ето.