Top Sport

Ето и официјално стави крај на кариерата

Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето стави крај на својата блескава 22-годишна кариера. 38-годишниот Камерунец ја започна својата кариера со Реал Мадрид, за кои настапи само трипати, по што играше за 13 клубови, вклучувајќи ја Барселона, Интер, Челси, Евертон и Сампдорија.

Неговата кариера е најблиску поврзана со Барселона, со која освои три шпански и две европски титули, пред во 2009 да замине во Интер, со кои по третпат ја освои европската титула под водство на Жозе Мурињо. По ова следуваа кратки престои во Челси и Евертон, по што во петокот навечер преку Инстаграм тој објави дека се повлекува од фудбалот откако претходно замина од катарскиот Катар СЦ.

„Крајот. Пред нов предизвик. Ви благодарам на сите, многу љубов“, напиша Ето.

Тој постигна 56 гола во 118 настапи за Камерун со кои ја освои олимписката титула во Сиднеј во 2000 и Африканскиот куп на нации во 2000 и 2002 година. Ето четири пати ја освојуваше наградата за најдобар африкански фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

THE END? VERS UN NOUVEAU DÉFI… Merci à vous tous big love ❤️ adrénaline ??????

A post shared by Samuel Eto’o (@setoo9) on

Scroll to Top