Самуел Ето професионалната кариера ја заврши на 7 септември оваа година. Славниот Камерунец тргна од Реал Мадрид, па преку Мајорка заврши најпрвин во Барселона и Интер, каде освои еден куп трофеи. Патот потоа го водеше Челси, Евертон, Сампдорија, неколку турски екипи, а пензијата ја објави во Катар.
Ето во кариерата за соиграчи имал многу врвни фудбалери, а за еден од нив вели дека е најдобриот во историјата на фудбалот.
„Лионел Меси е најдобриот во историјата. Неодамна ја доби ‘ФИФА Бест’ наградата. Го гледав како син додека игравме заедно во Барселона“, рекол Камерунецот.
„Подобар и од Диего Марадона?“ му поставил прашање новинар на „Газета дело Спорт“.
„Многу го почитувам Диего, но сметам дека играчите што го обележаа модерниот фудбал се Меси, феноменот Роналдо и Кристијано Роналдо. Во иднина би сакал награди да добиваат Садио Мане и Мохамед Салах, тие се одлични овие неколу сезони“, заклучил Ето.