Легендата на камерунскиот фудбал, Самуел Ето верува дека има уште иднина во фудбалот, откако поранешната ѕвезда на Барселона потпиша договор со катарскиот клуб Катар СЦ на слободен трансфер.
37-годишниот Ето играше покрај македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ во турскиот Коњаспор, но си замина по половина сезона. Катар СЦ ќе биде 13. клуб во професионалната кариера на Камерунецот, а таму ќе игра со своите поранешни соиграчи Чави Ернандез и Весли Снајдер. Ето во кариерата има три титули од Лигата на шампионите, две од Африканскиот куп на нации и четири пати е прогласуван за најдобар африкански фудбалер.
Катар вложува многу во фудбалот, и на клупски и на национален план пред Светското првенство во Катар во 2022 година.
The management of Qatar Football Club is pleased to invite you to attend the press conference to present the international star Samuel Eto'o, which will be held on Tuesday at 8:00 pm at the Club
— Qatar Sports Club (@QatarSportClub) August 13, 2018