Top Sport

Ето сака да е предводник на фудбалот во Камерун

Легендата на камерунскиот фудбал, Самуел Ето сака да остана во фудбалските води и откако ја заврши професионалната играчка кариера. Тој објави официјална кандидатира за претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерин, а впрочем е и еден од најсериозните кандидати за таа позиција.

„Драги пријатели, почестен сум и среќен што можам да ја објавам својата кандидатура за местото претседател на ФС на Камерун. По долго размислување, се одлучив на овој потег затоа што го сакам Камерун и поради страста кон фудбалот. За мене ќе е чест да служам од оваа позиција, чекањето не е опција. Време е повторно да го изградиме нашиот фудбал. Не може да чекаме додека другите одат напред“ напиша Ето на Твитер.

Ето играше во кариерата за Интер, Реал Мадрид, Барселона, Челси, а за националниот тим на 118 мечеви постигна 56 гола.

Изборите за нов претседател на ФС на Камерун се во декември, а оваа африканска земја е домаќин на претстојниот Куп на африкански нации кој е на програмата од 9. јануари до 7. февруари 2022 година.

Scroll to Top