Top Sport

Продолжува расколот во Филаделфија – Симонс не сака да тренира!

Продолжува расколот во Филаделфија. Откако Елтон Бренд го замени Сем Хинки на чело на спортскиот сектор ги нема очекуваните резултати, а сега работата „се прекрши“ на ѕвездата – Бен Симонс.

Младиот Австралиец по лошите партии во минатосезонскиот плеј оф е на удар на критичарите, а бидејќи смета дека тимот не го заштитил доволно, тој сака да ја напушти екипата.

Сега станува јасно дека нема ништо од продолжување на соработката затоа што Симонс не се појавил на подготовките со Филаделфија, а нагласил и дека нема намера да одигра ниту еден меч.

Сезоната почнува 19. октомври, а „севентисиксерси“ се во проблеми затоа што мораат на кошаркарот да му најдат нова дестинација, а за следните 3 години му должат 140 милиони долари.

Најверојатна опција е дека тој ќе се пресели во Голден Стејт на позицијата крилен центар, но останува отворено прашањето што Вориорси можат на Фила да и дадат за возврат.

Scroll to Top