Top Sport

Ето: Тиери Анри не беше на моето ниво

Самуел Ето даде изјава која многу брзо ја обиколи планетата, а сигурно стигнала и до Тиери Анри.

Тој истакна дека Анри никогаш не бил на неговото ниво. Тие беа соиграчи во Барселона, а Французинот е прогласен за еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиерлигата. Но, Ето има малку поинакво мислење.

„Мислам дека не беше на нивото на Николас Анелка. Анри беше добар, но верувајте дека добро ги знам двајцата. Во секој случај, тој не беше на моето ниво. Оние кои играат во репрезентацијата на Франција имаат 70% повеќе шанси за успех. Не затоа што се подобри, туку затоа што Франција ги продава подобро, а потоа беа доведени на наше ниво“, изјави Ето.

Навистина неверојатна изјава која предизвика бројни коментари.

Scroll to Top