Top Sport

ЕУРО 2020 ќе биде одложено?

Европската фудбалска унија (УЕФА) за вторник закажа состанок на кој треба да се разговара и за поместувањето на Европското првенство. Би-би-си објави дека континенталниот шампионат ќе биде одложен за една година.

Според календарот ЕУРО 2020 треба да се одржи од 12 јуни до 12 јули во 19 градови низ Европа, меѓутоа поради коронавирусот тешко дека натпревари ќе се играт во Рим, еден од градовите домаќини.

УЕФА на состанокот ги поканила сите 55 членки на асоцијацијата, односно претставниците на Европската лига, Европската клупска асоцијација и заедницата на фудбалери (Фифпро).

На состанокот ќе се бараат решенија и како ќе продолжат Лигата на шампионите и Лига Европа.

Вторник е денот „Д“ за Европската куќа на фудбалот.

Scroll to Top