Top Sport

ЕУРО 2024: Само еден играч ќе може да разговара со судиите

Европската фудбалска унија (УЕФА), донесе одлука која многу ќе им помогне на судиите посмирено да си ја вршат работата на претстојното Европско првенство во Германија.

На состанокот на судиските органи на УЕФА, одлучено е само капитените на тимовите да можат да комуницираат со судиите, додека сите други актери на натпреварот ќе бидат санкционирани доколку го сторат тоа.

Оваа промена ја потврди и претседателот на Судиската организација при УЕФА, Роберто Росети.

Судиската организација УЕФА веќе испрати писмо до сите репрезентации во кое ги информира дека само капитените ќе можат да им се обратат на судиите.

„Побаравме од сите тимови да се погрижат само капитените да комуницираат со судијата за време на натпреварот. навремено и со почит Капитенот е должен да се погрижи неговите соиграчи да го почитуваат судијата, да држат дистанца и да не го опкружуваат“, објасни Росети.

Поранешниот италијански судија додаде дека секој играч, освен капитенот, кој ќе влезе во комуникација на судијата ќе биде санкциониран со жолт картон.

Исклучок ќе биде доколку капитенот е голман. Во тој случај, улогата на главен „преговарач“ со судијата ќе ја преземе неговиот заменик.

Scroll to Top