Top Sport

ЕУРО ќе се игра во осум градови

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин не ја исклува можноста Европското првенство кое на програмата е наредното лето наместо во 12 да се игра во осум градови.

„Планот е да играме на предвидените места. Со девет градови се средени работите. Имаме проблеми со уште три града, со нив ќе продолжиме да разговараме“, рекол Чеферин.

Тој рекол дека доколку не постои можност да се игра во првично предвидените 12 градови тогаш ќе се игра во осум или девет градови.

Еден од градовите што пријавиле дека ќе имаат проблем со новите датуми е Билбао. Останатите градови кои треа да бидат домаќини на ЕП се Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Даблин, Глазгов, Минхен, Рим, Санкт Петербург и Лондон.

Scroll to Top